Ѕвездата од The Big Bang Theory се породи: нејзините емотивни зборови разнежнија многумина

Кејли Куоко и нејзиниот свршеник, актерот Том Пелфри, го добија своето второ дете, а веста ја споделија на социјалните мрежи.
Актерката Кејли Куоко го роди своето второ дете – девојче, на кое таа и нејзиниот свршеник Том Пелфри му го дадоа името Филомена Кармен Пелфри. Пред три години, парот го доби своето прво дете, исто така ќерка по име Матилда, а сега нивното семејство се прошири за уште еден член.
Ѕвездата од серијата The Big Bang Theory ја објави веста на својот профил на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии направени во болницата, придружени со емотивен опис.
„Не постојат зборови со кои може да се опише ова чувство“, напиша таа и додаде: „Каков благослов. Бескрајно сме благодарни за оваа бурна авантура што нè доведе до нашата мала Фило. Нашето семејство конечно е комплетно. Време е да го однесеме бебето дома, кај нашата Матилда“.
Потоа му се обрати на својот свршеник, едноставно порачувајќи му дека „го сака засекогаш“.
