Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг, дизајнерот на накит Адам Шулман, се појавија заедно на настан во Њујорк по подолго време.
Парот присуствуваше на презентација на нова колекција на Louis Vuitton во музејот Frick Collection, каде позираа прегрнати.
Ен Хатавеј носеше елегантна сиво-бела тоалета со високи потпетици и луксузен накит од Bvlgari, вреден десетици илјади евра. Нејзиниот сопруг, пак, избра многу лежерен стил со фармерки, бела маица и патики, што привлече коментари на социјалните мрежи поради нивниот контраст.
Парот е во брак од 2012 година и имаат два сина. Хатавеј често истакнува дека семејството ѝ е приоритет и дека со текот на годините се чувствува посигурна во себе и во својата кариера.
Таа во интервјуа се осврна и на тешки периоди во кариерата, кога била мета на интернет критики, но нагласи дека поддршката од режисерот Кристофер Нолан ѝ помогнала да ја продолжи успешната актерска кариера.
Фото на ЛИНКОТ







