Вторник, 27 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) Атрактивната Германка во топлес издание предизвика воздишки

Кралицата на топлес изданијата повторно максимално го искористи сончевото време. Таа објави провокативна фотографија на социјалните мрежи, која за кратко време собра голем број допаѓања.

Манекенката Хајди Клум сака да ги истакнува своите прекрасни атрибути. Често ја гледаме во комбинации што привлекуваат љубопитни погледи, а штом ќе се укаже прилика, таа со задоволство се соблекува и облекува впечатливо бикини. Така беше и овој пат, кога на својот профил на Инстаграм сподели жешка фотографија.

Оваа волшебна германска убавица позираше покрај базенот, во друштво на својата 22-годишна ќерка Лени. Таа го привлече вниманието на корисниците на Инстаграм со својот изглед – поточно, за фотографијата позираше без горен дел, носејќи само црни танга-гаќички од костим за капење.

Нејзината манекенска фигура дојде до полн израз, предизвикувајќи бројни реакции во јавноста. Додека некои ја нарекоа „кралица“ или „божица“, други едноставно прокоментираа: „Вау“.

И навистина, беше тешко да се најде соодветен комплимент за нејзината неверојатна фигура.

Поврзани вести