Понеделник, 2 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) „Секси заводничка“ воодушевува со својот изглед: Во своите 60-ти години, таа „запали“ во Ноќта на вештерките

Познатите личности го прифатија празничниот дух на Ноќта на вештерките, прикажувајќи низа креативни костими за најстрашниот ден во годината.

Меѓу оние што привлекоа најголемо внимание беше Елизабет Харли, која изгледаше фантастично како Poison Ivy – лик од стриповите за Бетмен. Веднаш по Хајди Клум – која е позната по тоа што секогаш приредува најекстравагантни изданија – Елизабет беше вистинска гозба за очите.

61-годишната актерка покажа завидна линија, облечена во танга и градник без прерамки, украсени со листови од бршлен.

Елизабет позираше прегрнато со својот свршеник, Били Реј Сајрус (65), кој беше маскиран како Бетмен.

„Poison Ivy и Бетмен. Среќна Ноќ на вештерките“, напиша таа покрај објавата на Инстаграм.

„Мојата кралица за Ноќта на вештерките“, прокоментира Били Реј Сајрус.

Некрунисаната кралица на бикини-изданијата се одлучи за провокативен изглед за оваа Ноќ на вештерките – и успеа во тоа – докажувајќи уште еднаш дека е навистина приказна за себе, дури и сега кога влегува во својата седма деценија.

Поврзани вести