Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Таа сега е сосема поинаква жена: врската со помлад маж ѝ одговара, не ја симнува насмевката од лицето

28.09.2026, 10:19

Кејти Холмс и нејзиниот нов партнер уживаа на Модната недела во Милано, а славната актерка дефинитивно повеќе не може да скрие колку е вљубена.

Актерката Кејти Холмс (47) и нејзиниот партнер Џејсон Бард Јармоски (39) изгледаа заљубено додека беа еден до друг на настанот на брендот Tod’s за време на Модната недела во Милано.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Ѕвездата на серијата Dawson’s Creek и уметникот Џејсон го привлекоа вниманието со своите усогласени комбинации во нијанси на бело и беж на ревијата за женската колекција пролет/лето 2027 година.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Кејти, која наводно размислува да ја подигне врската на повисоко ниво, не престануваше да се смешка додека позираше со својот згоден партнер. Актерката изгледаше шик и лежерно во капут облечен врз бела маица и панталони со широки ногавици, уште еднаш потврдувајќи го својот статус на кралица на уличниот стил.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Таа ја носеше својата кафеава коса пуштена и се одлучи за удобни црни чевли, а неопходните работи ги носеше во црна чанта што одговараше на обувките.

И Џејсон го усогласи својот изглед со оној на Кејти, носејќи беж џемпер, црни панталони и црни чевли.

Сето ова доаѓа по изјавите на извор близок до актерката за „Дејли мејл“, дека Џејсон прави таа да се чувствува „неверојатно“ и дека таа „дефинитивно би размислила за можноста еден ден да се омажи за него“.

Вљубениот пар неодамна беше забележан и на ревијата на Calvin Klein за време на Модната недела во Њујорк, претходно овој месец.

Поврзани вести