(Фото/Видео) Секогаш оригинална и впечатлива: се појави во венчаница на гала настан и воодушеви

Ања Тејлор-Џој носеше креација која беше многу повеќе од обична облека. На еден свечен настан, таа покажа дека уметноста и модата одат рака под рака.
Музејот на уметност во Лос Анџелес (LACMA) неодамна беше домаќин на свечен настан за собирање средства, кој собра бројни јавни личности. На оваа свеченост присуствуваа познати актери и актерки, како и големи имиња од светот на модата, но една жена со уникатна, впечатлива убавина привлече посебно внимание.
Станува збор за актерката Ања Тејлор-Џој, која ја освои публиката со умешен моден избор, совршено прилагоден на амбиентот на настанот. Таа се одлучи за креација што надминуваше едноставна облека – тоа беше уметност на дело, применета во светот на модата.
Ања носеше модел од архивата од 1997 година: венчаница од haute couture колекцијата на францускиот дизајнер Пјер Карден. Комбинацијата се состои од два поврзани елементи – беж фустан со тенки прерамки, украсен со нежни цветни детали, и широк наметка со уникатна форма, која го обвива целото тело.
Токму ова впечатливо парче му даде уметничка димензија на изгледот на Ања, додека кројот на фустанот ја истакна нејзината нежна страна.
Актерката го заокружи својот изглед со дијамантски ѓердан и дискретни обетки, а косата ја собра во пунџа. Што се однесува до шминката, таа се одлучи за нежни, земјени тонови кои ги нагласија специфичните црти на нејзиното лице.




