„Избраниот“ – театарска вечер што Mozzart ја носи поблиску до публиката

Културната сцена во Скопје добива нова причина за возбуда – претставата „Избраниот“ во Театар Комедија.
На 21 октомври, со почеток во 20 часот, публиката ќе ужива во вечер исполнета со хумор, емоции и актерска мајсторија.
Она што ја прави оваа вечер уште посебна е фактот што Компанијата Mozzart обезбедува бесплатен пристап за сите љубители на театарот, продолжувајќи ја својата мисија да ја поддржува културата и да ја доближи уметноста до секој човек.
Билетите можат да се подигнат секој работен ден од 15:00 до 20:00 часот на билетарата на Театар Комедија, по принципот прв дојден – прв услужен, сè до целосно искористување на картите.
На сцената ќе блеснат имиња кои гарантираат врвна изведба: Жаклина Петровска, Елена Кузманова, Виктор Арсов, Тони Денковски, Сергеј Димоски и Ангела Лефкова. Со нивната енергија и талент, „Избраниот“ ветува да биде претстава која ќе се памети.
Со оваа иницијатива, Mozzart уште еднаш покажува дека културата е вредност која заслужува поддршка и внимание – затоа што театарот е место каде смеата, емоцијата и уметноста се спојуваат во едно незаборавно искуство.
ПР
