Лејди Гага се омажи во тајност? „Работат на бебе“
Пејачката Лејди Гага и нејзиниот партнер Мајкл Полански наводно тајно стапиле во брак, а веста за настанот се проширила низ нивниот круг на пријатели.
Според пријателите на парот, Лејди Гага и Мајкл Полански се венчале и сега уживаат на меден месец, подалеку од очите на јавноста.
„Никој ја нема видено ниту слушнато повеќе од еден месец. Сите во нејзиниот круг мислат дека таа побегнала со Мајкл и дека моментално е на меден месец, како и дека се обидуваат да добијат дете“, изјавил извор за „Дејли мејл“, додавајќи дека пејачката отсекогаш зборувала оти би сакала да се скраси и да основа семејство во оваа фаза од својот живот.
„Гага има само една сестра, Натали, а отсекогаш сакала да има повеќе браќа и сестри. Токму затоа сака и нејзините деца да имаат многу браќа и сестри, за да можат сите да се потпираат едни на други“, заклучил изворот.
За потсетување, Гага и Полански првпат беа фотографирани заедно за време на прославата на Новата година во Лас Вегас во 2020 година. Тие јавно ја потврдија својата врска кратко по „Супербоул“ истата година.
