Самостојни изложби на Пандора Апостолоска Саздовска и на Сашо Саздовски во МАНУ

Мултимедијалната уметница Пандора Апостолоска Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски ќе се претстават со самостојните изложби „Silentium memoriae“ /„Тишина на сеќавањето“ и „Минимални контрасти“, кои ќе бидат отворени на 26 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Во рамките на настанот ќе бидат промовирани и монографии посветени на нивното творештво.
Изложбите ќе ги отворат акад. Влада Урошевиќ и доп. член Иван Џепаровски, заедно со историчарот на уметност и автор на текстовите во монографиите, Златко Теодосиевски.



