Понеделник, 19 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Селена Гомез отворено зборуваше за последиците од користењето електронски цигари: „Ми се промени гласот“

19.10.2026, 11:09

Селена Гомез откри зошто нејзиниот глас се променил во последните години. Пејачката призна дека за тоа веројатно е виновно „вејпувањето“ – односно користењето електронски цигари што содржат никотин.

Обожавателите долго време коментираа за промените во нејзиниот глас, а Гомез претходно објасни дека грлото повремено ѝ отекува, пренесува „Unilad“.

Сега, 34-годишната пејачка проговори поотворено за овој проблем на Инстаграм.

„Не можам да го променам својот глас. Многу користев електронски цигари, а навистина е тешко да се ослободиш од зависноста од никотин. Само сакав да кажам, ако и вие поминувате низ ова, или дури и само размислувате да почнете – немојте. Едноставно не вреди. Тоа е едноставно глупаво“, изјави таа.

Гомез, која неодамна ја прослави првата годишнина од бракот со Бени Бланко, додаде:

„Тоа ми го промени гласот, па ако не ви се допаѓа како звучам, целосно ве разбирам. Мене тоа не ми пречи. Едноставно, не ме слушајте. Но, многу сум среќна што престанав и се надевам дека ќе продолжам така. Ако се борите со зависност, знајте дека можете да ја надминете. Иако, тоа е неверојатно тешко.“

Нејзината објава доаѓа кратко откако и пејачката Лола Јанг проговори за проблемите што ги припишува на користењето електронски цигари.

„Дојде до точка каде што чувствував како белите дробови да ми работат на батерии – како да се една голема батерија. Дишењето стана напор“, изјави пејачката, позната по хитот „Messy“, во видео на ТикТок. „Чувството е како дишењето да е тешка работа. Како некој да треба да ми плаќа за тоа. Буквално заслужувам плата само затоа што дишам“, додаде таа.

Користењето електронски цигари не влијае само на гласот; може да има и други здравствени последици. Британскиот форензички патолог Ричард Шеперд неодамна за „LADBible“ зборуваше за потенцијалните долгорочни ризици од употребата на електронски цигари. Тој изрази загриженост дека, со текот на времето, може да се покаже оти користењето електронски цигари е исто толку штетно колку и пушењето обични цигари.

„Во медицината знаеме дека понекогаш може да помине долго време пред да стане очигледен вистинскиот обем на штетноста на нешто“, рече тој.

„Таков беше случајот со пушењето. Луѓето пушеа, мислејќи дека цигарите само им помагаат да се опуштат и малку да се смират“, објасни тој. „Може да помине долго време додека штетните последици не станат очигледни, па стравувам дека истото би можело да се случи и со користењето електронски цигари“, заклучи тој.

Поврзани вести