(Видео) Обожавателка ја снимаше Тејлор Свифт од близина; пејачката ѝ даде знак да престане

Тејлор Свифт мораше да реагира за време на неодамнешниот натпревар на „Канзас Сити Чифс“, откако една обожавателка упорно ја снимаше додека таа, од ВИП-ложа, го следеше настапот на својот сопруг, Тревис Келси.
Свифт го следеше натпреварот против „Лос Анџелес Чарџерс“ во друштво на мајката на нејзиниот сопруг, Дона Келси, како и пријателките Кејтлин Кларк и Есте Хаим. Во еден момент, една обожавателка застана точно пред стаклото од ВИП-ложата и почна да ја снима пејачката, иако обезбедувањето претходно веќе ја предупреди да не го прави тоа.
@imcampthomas Taylor arrived near halftime!! (Caitlin not pictured) #TAYLORSWIFT #CHIEFS #CAITLINCLARK #KANSASCITY #ESTEHAIM ♬ Patient Zero – Taylor Swift
Таа со гест ѝ покажа да се сврти кон теренот.
На видеото што се прошири на социјалните мрежи, се гледа како Тејлор со раката ѝ дава знак на обожавателката да престане со снимањето, а потоа покажува кон теренот – сугерирајќи ѝ, всушност, дека треба да се фокусира на натпреварот.
Обожавателката не снимаше од далечина; напротив, таа стоеше непосредно пред стаклото од ВИП-ложата, со грб свртен кон теренот.
Иако нејзиното присуство на натпреварите на „Чифс“ веќе стана редовна појава, Тејлор продолжува да привлекува големо внимание, особено поради нејзините реакции за време на натпреварите. Снимките набрзо поттикнаа дискусија на социјалните мрежи, при што многумина го коментираа однесувањето на навивачката.


