Во Тирана отворена изложбата „Боите на животот“ на Теута Х. Имери

На 14 октомври во Македонскиот културен центар во Тирана свечено беше отворена изложбата „Боите на животот“ на уметницата Теута Х. Имери.
Делата на Имери го исполнија изложбениот простор со живописни бои, силни сликарски искази, раскош и топлина. Преку својот ликовен израз, уметницата понуди доживување исполнето со емоции, повикувајќи ја публиката да ја открие убавината на животот низ бојата и уметноста.
Отворањето помина во пријатна атмосфера, во која посетителите имаа можност да се запознаат со творештвото на Имери и да ги споделат своите впечатоци од изложените дела.
Македонскиот културен центар во Тирана упати благодарност до уметницата за убавината што ја внесе во просторот, како и до сите гости кои со своето присуство ја направија вечерта посебна.

