Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.
Актерката и хуманитарката, која има шест деца со својот поранешен сопруг Бред Пит, сега сака поголема слобода и флексибилност во својот живот. Како што тврди извор за People, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес.
„Таа со години зборува за желбата да го напушти Лос Анџелес. Таа е среќна што сега има повеќе слобода и можност да донесува различни одлуки“, рече неименуваниот извор.
На 12 јули, Џоли го прослави полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, сега сака да патува повеќе и да го истражува светот со своите деца.
„Нејзините деца отсекогаш биле нејзин прв приоритет. Таа сака тие да запознаат различни култури и делови од светот, а сега се радува што ќе може да патува повеќе и да открива нови места заедно. Таа е подготвена за тоа“, додаде изворот.

Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, а раскинаа во 2016 година по 12 години врска и две години брак. Нивниот развод официјално беше финализиран во декември 2024 година.
Актерката минатата година наговести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади наследници ќе станат полнолетни.
„Ќе можам да си заминам од тука штом ќе наполнат 18 години“, рече таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс.
Додаде дека сака да обезбеди мир, приватност и безбедност заради своите деца, но дека повеќе не го гледа Лос Анџелес како место кое ѝ дава чувство на припадност.
„Кога имате големо семејство, сакате тие да растат во мирна и безбедна средина. Имам дом каде што ги одгледувам, но понекогаш на ова место му недостасува топлината и човечноста што ги најдов низ целиот свет“, рече таа.
Таа откри и дека планира да поминува повеќе време во Камбоџа, земја со која е силно поврзана со години, но и почесто да ги посетува членовите на семејството кои живеат во различни делови од светот.
Оваа година, Џоли официјално го стави својот имот во Калифорнија на продажба по цена од 29,85 милиони долари.
Иако разводот е конечен, таа и Бред Пит сè уште водат правна битка за францускиот имот Шато Миравал, спор што трае од 2022 година.
Според претходните медиумски извештаи, Пит има многу ограничен контакт со децата. Неколку од нив се откажаа од неговото презиме.
фото/Depositphotos







