Безос и Санчез донираат 102 милиони долари за помош на бездомниците

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе донираат 102,5 милиони долари за организациите што им помагаат на бездомните семејства во САД. Санчез во емисијата Good Morning America соопшти дека парите ќе бидат распределени преку фондацијата „Day One Families Fund“ и ќе одат кај 32 непрофитни организации низ целата земја.

Таа изјави дека целта е да им се помогне на семејствата да се стабилизираат и повторно да го изградат својот живот.

„Во можност сме да донираме повеќе од 100 милиони долари и тоа за многумина претставува огромен чекор напред“, рече Санчез, додавајќи дека ова е само почеток на долгорочната иницијатива.

Донациите годинава стигнале во сите сојузни држави, со поддршка од тим локални советници кои ги препознаваат потребите на заедниците.

Безос и Санчез се венчаа во јуни во Венеција, на церемонија со многу познати личности. Тие се во врска од 2019 година, а Безос ја запроси во 2023 година.

Scroll to Top