Немања Поповиќ и Мирта Милер се во романтична врска долго време, а пошироката јавност, со оглед на тоа што Мирта е добро позната инфлуенсерка, добро ги запозна преку социјалните мрежи. Вљубените сега ја објавија добрата вест на своите Инстаграм профили – дека се свршија.
Објавата за свршувачката беше документирана во форма на видео и за кратко време на мрежите собра голем број лајкови и реакции. Покрај видео објавата, Мирта направи и неколку незаборавни фотографии што ги објави на Инстаграм, покажувајќи го својот скап прстен.
Вниманието на јавноста го привлече и местото на објавата – наместо романтичен залез на сонцето или идилични снимки со рози, Мирта му рече „ДА“ на својот сакан Немања среде снегот, опкружена со мраз.
Необично, но толку едноставно и уникатно. Коментарите се насобраа, а нејзините бројни обожаватели ѝ испратија добри желби и честитки.
Немања потпиша тригодишен договор со Црвена Ѕвезда Белград во 2017 година, а во текот на кариерата играше за ФМП, ОКК Белград и Вршац. Моментално игра во Полска за прволигашки клуб.







