(Видео) Викторија Бекам ги вжешти мрежите со ново видео: погледнете го нејзиниот стајлинг за вежбање

За многу славни личности и дизајнери, Париската недела на модата претставува голем креативен и моден потфат, а дизајнерката Викторија Бекам покажа како се подготвува за овој настан.

Викторија Бекам ќе ја претстави својата најнова модна колекција на овогодишната Париска недела на модата, а процесот на подготовки го откри на својот профил на Инстаграм. Поточно, нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам – сними видео во кое се гледа како таа се подготвува.

Судејќи според снимката, подготовките на Викторија за големиот настан вклучуваат вежбање на „StairMaster“ (машина за симулирање качување по скали), иако во прилично поинаков амбиент и облека.

За таа прилика, Викторија носеше кожно здолниште во комбинација со кошула. Сепак, главниот детал од нејзиниот изглед за вежбање беа штиклите високи 10 сантиметри – и слободно може да се каже дека таа изгледаше беспрекорно.

Дури и Дејвид Бекам тешко можеше да им поверува на своите очи, па постави едноставно прашање:

„Драга, знам дека е Недела на модата, но зарем не мислиш дека малку претеруваш?“ Таа низ шега одговори: „Не, само вежбам“. Дејвид потоа заклучи со коментарот: „Изгледа дека си подготвена!“

Scroll to Top