Американскиот претседател Доналд Трамп имаше малку незгоден момент за време на кратко интервју кога еден новинар го праша за неговите планови за Денот на вљубените.
Добро е познато дека Доналд Трамп ужива во бракот со Меланија Трамп, а нивната љубов е тема на бескрајно пишување со години. Првата дама на САД е постојано „на радарот“, секој нејзин потег е вистинска модна инспирација, но таа никогаш не зборува за нејзиниот брак со Доналд.
Можеби затоа на Трамп му беше поставено тоа прашање кое на крајот остана неодговорено.
„Дали имавте некакви планови со Меланија за Денот на вљубените“, праша новинарот.
Очигледно, Трамп или не го слушнал прашањето како што треба или едноставно не сакал да одговори.
„Таа е во авионот, имаме филмска ѕвезда во авион“, јасно алудираше на нејзиниот филм.
Сепак, упорниот новинар повторно го постави истото прашање, а Доналд Трамп повторно се преправаше дека не слуша јасно. Третиот пат новинарот го праша дали ѝ купил цвеќе.
„Подобро да не ви го кажувам тоа. Збогум на сите. Тоа е најтешкото прашање“, рече Трамп.







