(Видео) Ева Лонгорија во нереален фустан на црвениот тепих

Прославената актерка Ева Лонгорија (51) може да носи што сака, но елегантните фустани совршено ѝ стојат. Иако е висока само 154 сантиметри, популарната џебна Венера може да изнесе секаков стил.

За церемонијата во театарот Долби, Ева избра црн фустан направен од два различни материјали, горниот дел е направен од мек плиш, додека долниот дел продолжува во сатен.

Длабокото деколте е неизбежно кога е во прашање таа, па затоа го краси и овој фустан, а Ева Лонгорија позираше за собраните фотографи со насмевка и уживаше во сите погледи што ги привлече.

Своето секси модно издание го комплетираше со спектакуларен сребрен ѓердан, а косата и беше пуштена.

Уште еднаш, Ева покажа дека е ненадминлива кога станува збор за стил и елеганција, и дека, и покрај тоа што е во шестата деценија, сè уште нема конкуренција да ја замени.

Scroll to Top