Актерката Зендаја синоќа присуствуваше на премиерата на третата сезона од серијата „Еуфорија“ и се појави во уникатен моден аутфит.
За оваа пригода, таа избра долг сатенски црн фустан, кој ги истакнуваше нејзините рамена и витката фигура. Фустанот има и дел што се влече зад неа, а од друга страна, фустанот е целосно отворен на задниот дел.
Зендаја го комплетираше својот моден аутфит со едноставни сребрени обетки и дијамантски прстени, вклучувајќи и веренички прстен од Том Холанд, а кога станува збор за шминката, таа одлучи да ги нагласи очите. При пристигнувањето на премиерата, Зендаја позираше заводливо.
Таа исто така потврди претходно за време на гостувањето во „Шоуто на Дру Баримор“ дека серијата „Еуфорија“ ќе заврши со третата сезона.
„Мислам дека ова ќе биде последната сезона. Се ближи кон крајот“, рече таа.
Дополнително, Зендаја зборуваше за влијанието што го имаше преземањето на главната улога на Ру Бенет врз нејзиниот живот и кариера.
„Еуфорија ми го скрши срцето. Ру ме научи толку многу за животот. Тој тим ме виде како растам. Ѝ должам толку многу на серијата. Ру ме научи на емпатија и искупување, благодарна сум за сето тоа“, рече таа.







