(Видео) „Како близначки“: Погледнете внимателно, тоа не е Бијонсе

Спектакуларниот Супербоул оваа година не помина без Џеј Зи и неговите деца, што сега е нивна семејна традиција. Познатиот рапер пристигна на настанот со своите ќерки Блу Ајви и Руми Картер, а постарата ќерка привлече големо внимание со својот физички изглед.

Таа толку многу личи на својата позната мајка што многумина на прв поглед се прашуваа дали со Џеј Зи е всушност Бијонсе.

Таа пристигна во лежерен, спортски стил и го покажа својот префинет вкус, исто како Бијонсе, а луѓето најчесто пишуваат на социјалните мрежи дека изгледа како сестра близначка на својата мајка.

Таа го овековечи своето присуство на Супербоул со неколку впечатливи фотографии, на кои позира во преголема јакна на Off-White, чија цена е околу 3.895 долари, или 3.280 евра, според Index.hr.

Ја дополни дизајнерската јакна со бела маица со лого и темни фармерки со широки ногавици украсени со ланец, окер чизми и впечатлив накит – ѓердани, нараквици и прстени. Косата и беше пуштена и носеше очила за сонце, поради што беше тешко да се препознае и многумина помислија дека е Бијонсе.

Ова не е прв пат Блу Ајви да го оживее стариот стил на нејзината мајка, кој очигледно многу ѝ се допаѓа. Во нешто слично беше во декември на натпревар што го гледаше со својот татко од првиот ред, но и минатата година во финалето на Супербоул, кога се појави и на теренот во друштво на својот татко и помладата сестра.

Scroll to Top