Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал (19) не ги криеше своите емоции по освојувањето на Светското првенство. Тој ја сподели големата прослава на стадионот МетЛајф во Ист Радерфорд со својата девојка, инфлуенсерката Инес Гарсија Сантос, со која разменија прегратки и бакнежи по историскиот триумф.
Инес објави фотографија од нив заедно на Инстаграм, држејќи го победничкиот трофеј со пораката:
„Успеа. Честитки, љубов моја, ти си светски шампион“.
Јамал ѝ одговори кратко, но емотивно:
„Те сакам, љубов моја“.
View this post on Instagram
Шпанија ја достигна својата втора светска титула во историјата победувајќи ја Аргентина со 1:0 по продолжение, а Јамал беше еден од клучните играчи на турнирот.
Гласини за врската меѓу Јамал и Инес се појавија во април, иако таа подоцна откри дека се заедно многу подолго и се познаваат три години. Околу два милиони луѓе ја следат Инес на Инстаграм, а содржината што ја објавува е главно посветена на модата, убавината и патувањата.
фото/depositphotos







