(Видео) Меланија Трамп е непобедлива во „модните дуели“: Сите гледаат во нејзиниот фустан

Меланија Трамп ја пречека кралицата Максима во Белата куќа, а нејзините модни избори повторно го привлекоа вниманието на целиот свет.

Првата дама Меланија Трамп, заедно со нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, организираа прием во Белата куќа за кралицата Максима од Холандија. Иако Максима се смета за една од најдобро облечените жени во Европа, тешко беше да се надмине Меланија Трамп.

Меланија за пригодата избра впечатлив бел фустан со вметнати црни цвеќиња што го красеа целиот фустан. Фустанот беше без ракави и со средна должина, а како и обично, Меланија го комбинираше со црни чевли.

Сепак, кралицата Максима беше вистински „претставник на Европа“ и целосно го оправда епитетот на една од најдобро облечените жени.

За приемот кај Меланија и Трамп, Максима избра портокалов фустан што го надополни со кремасти чевли, па двете дами блескаа, секоја на свој начин.

Scroll to Top