Прославената манекенка Паулина Поришкова има дури 11 насловни страници на „Спортс илустрејтид“ во својата кариера и стана првата жена од Централна Европа што се појави на насловната страница на тоа списание. Нејзиниот смел изглед фасцинира и денес.
Сепак, не е сè толку магично во модната индустрија, тоа го знаевме и претходно, а Паулина само ги потврди сите сомнежи што се појавуваа од време на време.
Во текот на својата 40-годишна кариера, Паулина поминала низ разни непријатности, а за тоа подетално зборувала во видео што го објави на социјалните мрежи.
„Почнав да се занимавам со манекенство на 15-годишна возраст во Париз и одев на четири до десет „мисии“ секој ден. Понекогаш луѓето што ги гледав беа добро облечени и во канцеларии, а понекогаш беа мажи на средна возраст во неуредни станови, само сакајќи да ме фотографираат, топлес. Изгубив број на мажите со отворени наметки кои ме пречекуваа во своите соби и чекаа да се соблечам“, рече Паулина.
Како што самата вели, со години верувала дека сето тоа е дел од нејзината работа и сè го земала „здраво за готово“.
„Мислев дека мојата работа е да се соблечам, потоа да се облечам, а потоа да научам како креативно да се одбранам од возбудените мажи за да не ги навредам“, вели таа.
Паулина Поришкова исто така додаде дека децата се особено ранливи, па кога ќе завршите во таква индустрија како дете, можете да бидете изманипулирани. Нејзиното признание привлече голем број реакции, од кои повеќето ја поддржаа познатата манекенка и ѝ се заблагодарија за нејзината искреност.







