(Видео) Најжешката „домаќинка“ ги излудува луѓето со својот изглед: Сè изгледа совршено на оваа прекрасна жена

Ева Лонгорија пристигна на гала вечер во Лос Анџелес, а беше придружувана од други познати убавици – Парис Хилтон и Хајди Клум.

Актерката Ева Лонгорија повторно ги остави сите без здив со својот моден избор, овој пат во Лос Анџелес на отворањето на посебна галерија, пишува „Дејли меил“.

За промена, не ја видовме во бикини како неодамна кога ги воодушеви обожавателите, но сепак успеа да ги „урне“ социјалните мрежи.

Гала вечерта беше организирана во музејот LACMA, што има посебно емотивно значење за актерката, бидејќи таму го запозна својот сопруг Хозе Бастон, со кого наскоро ќе ја прослават својата 10-годишнина.

За оваа церемонија, Ева избра светкав фустан, целосно покриен со светки и без прерамки. Специфичноста на нејзината креација се ресите во кои фустанот се претвора од колената надолу, а својот стил го комплетираше со спектакуларен накит.

Високите потпетици, неизбежните сандали на платформа од кои Ева никогаш не се откажува, исто така беа дел од овој аутфит.

Ева Лонгорија неодамна го прослави својот 51-ви роденден, колку и да звучи неверојатно. На некој чуден начин, таа успеа да ги запре годините и сè уште е конкурентка на многу помладите колешки.

Scroll to Top