(Видео) Пред концертот во Скопје, Северина со три нови песни – „Бесчувствителна“, „Анксиозна“ и „Совршена“

Неодамна, Северина на својот YouTube канал го објави спотот за новата песна „Nisam kriva ja“ со која најави музичка „трилогија“.

Станува збор за една од нејзините најинтимни и најемотивни песни во последните години, песна која зборува за емоционалните лузни, неможноста човек целосно да ѝ се препушти на љубовта и моментот кога повеќе не знае дали се заштитува себеси или бега од сопствените чувства. Северина носи искрена исповед на жена која не ја изгубила способноста да сака затоа што така сакала, туку затоа што животот ја научил на тоа.

„Како што вели песната… Не сум јас виновна – по сите прашања. Ова е емотивна поп-рок песна. Мама (се смее) ми шиеше фустан за на суд, но (за среќа) повеќе немам судења, па еве нека го видат (фустанот)“ – порача Северина.

Режијата ја потпишува Петар Пашиќ, автор кој и претходно соработувал со Северина на нејзините забележителни видеоспотови, музиката е на Бојан Васиќ, текстот на Данијел Павловиќ, аранжманот на Иван Попескиќ, додека вокалот на Северина го снимил Бранимир Михаљевиќ.

Северина во меѓувреме ги објави и преостанатите две песни – „Pozovi me ti’ и ‘Svirajte mi ‘Rađaj sinove” – кои ги носат и дополнителните називи „Анксиозна“ и „Совршена“.

Три песни, три различни внатрешни состојби, три жени во една жена.

Бесчувствителна. Анксиозна. Совршена.

Или можеби само три лица на современата емоција, кои заедно создаваат единствена музичка целина.

За потсетување, Северина ќе одржи голем концерт во Скопје на 5 декември во арена Борис Трајковски. Билетите за истиот се достапни преку www.kupikarta.com

Scroll to Top