Нова музичка соработка од Дупер и Young Dadi вчеравечер премиерно пристигна на YouTube.
„Претера“ носи модерна продукција, заразен рефрен и емоција која доаѓа природно, без форсирање. Песната звучи како спој на препознатливиот сензибилитет на Дупер и енергијата што Young Dadi ја носи во својот израз, па резултатот е песна што лесно влегува „под кожа“ веднаш по првото слушање.
Зад музиката и текстот стојат Борис Какуринов, Илчо Нечовски, Давид Даниловски (Young Dadi) и Андреј Николов, додека аранжманот е дело на Борис Какуринов и Андреј Николов.
Со новата песна, Дупер очигледно влегуваат во активно лето. Објавувањето на „Претера“ доаѓа во период кога Дупер активно се подготвуваат и за двата големи летни концерти. Бендот ова лето ќе настапи на две локации што веќе најавуваат силна концертна сезона – во Хераклеа во Битола на 18 јули, како и во Антички театар во Охрид на 5 август. Карти за концертите се достапни преку www.kupikarta.com







