(Видео) Тамара Калиниќ во раскошна креација заблеска во Доха

Во Музејот на исламска уметност во Доха во чест на Франка Сокани и нејзината фондација беше одржана Franca Fund Gala. Франка беше уредничка на италијанското издание на списанието „Вог“, која почина во 2016 година.

„Гламур со цел, тоа е идејата што ја водеше Франка Сокани низ целото нејзино постоење во светот на модата“, рече Ана Винтур за легендарната уредничка.

На настанот присуствуваа многу јавни личности од различни сфери на уметноста, а покрај кралицата Ранија, Ана Винтур, Тајра Бенкс и други познати ѕвезди, честа да блесне на специјалната вечер ја имаше и српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ.

Тамара одлучи за оваа пригода да носи навидум едноставна креација од брендот „Јасмин Мансур“, која е украсена со необичен крој. Станува збор за фустан во боја на шампањ кој ја нагласува витката фигура и дава доза на женственост.

Својот стајлинг го надополни со златни додатоци и минималистичка шминка во земјени тонови. Тамара објави фотографии од настанот на Инстаграм со следниот опис:

„Ви благодарам што ме поканивте на толку важна вечер“, напиша таа.

Многу нејзини обожаватели веднаш реагираа и ја пофалија креацијата што ја носеше. „Креацијата е магична“, „Оваа облека е сè“, „Прекрасна си“, се само неколку од коментарите.

фото: принтскрин/Инстаграм

Scroll to Top