Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ присуствуваше на Миланската модна недела и уште еднаш покажа зошто е на самиот врв кога станува збор за мода.
Иако речиси секој ден споделува слики од својот живот на социјалните мрежи и покажува како ужива со својот вереник Филипо Теста, Тамара секогаш изненадува на големите настани.
На Миланската модна недела се појави во донекаде необична комбинација, спортската елеганција и модната храброст се споија, а Тамара блесна. Кратки пругасти шорцеви во комбинација со раскопчана кошула, со ист дезен, беа само почеток.
Тамара избра преголемо палто со животински принт преку него, донекаде чудна комбинација, но и смела, а своето модно издание го комплетираше со црни салонки и крем чанта.
Убавата Србинка присуствуваше на ревијата на Долче и Габана и несомнено уживаше во сè што покажа модната куќа, а по патот се претстави и како една од најдобро облечените инфлуенсерки.







