Ѓоко Контра е татко на Зоки Контра и Вања Контра, како и дедо на Филип Контра и Огнен Контра, што за него ова е можда најбитно у свет, али за сите други у ова Скопје тоа уопште не е ни битно. Битно е дека Ѓоко е основоположник на моделот на васпитање копиљаци што сам го има смислено и успешно реализирано.
Кариерата, на овој посебен чоек, му почиња у други светски рат со крадење на германски алат од Швабите со цел да ги онеспособи Германците (пошто Бугарите од алат имале само пендрaци) и да напраи терен за пукање на првата пушка. У тоа време, Ѓоко има непуни десет години, шо би значело дека е помлад од Бошко Буха и Трајче Дрварчето.
После ослободуење завршуе гимназија и као многу пргав и (за дивно чудо) ултра амбициозен младич, стануе професор по фискултура у истата гимназија. У тој момент има само деветнаес години.
Уште од прв ден никој не го сфаќа озбилно и почнуе да ствара ауторитет со благо шамарање на мушките ѓаци. Одма увидуе дека овој васпитен модел носи одлични резултати што, на крајот, резултира со создавањето на митот за Ѓоко Контра.
Мења школи, предава у неколку осмолетки, сегде го применуе истиот модел и така ствара армија послушни копиљаци. Овој пут почнуе и со женско васпитање. На непослушните девојчиња прво им лепи мастика у коса, као еден вид опомена, а ако и понатаму продужат да не вежбаат на физичко и праат други пиздарии се пребегнуе кон вртење на увото (слично као кога се укључуе рингла). За мушките е скроз посебна прича – неуспешно качуење на јуже повлекуе лефтерна клоца со позиција на ногата као кога се игра сервис, додека немогуќност да се направи разношка и згрчка повлекуе клоца на граница со волејка. Неваспитаните копиљаци кои за себе мислат дека се кураципол ги снаоѓа друга акција – Ѓоко и покрај тоа што не е грaмада од човека, знае многу добро да врзуе заушки. Процедурата е следна: жртвата мора да завземе став у благи наклон шо би значело дека треба да стои, средниот прст од руките да лепи на шавот од пантолоните, а глаата да биде благо наведната кон „васпитачот”. Ѓоко прво дува у дланката, ги подрашируе прстите и ти залепуе страота шамарчина при што центарот на шаката го центрира да ти го покрие целото лево уво. Со прстите го комплетира утисакот, пошто на копиљот му ја поклопуе целата лева хемисфера од тимбата.
Сепак, најзаебаната метода Ѓоко ја обавуел у магацинот кај шо се чуваат гимнастичките справи. Таму, за да влезеш, треба стварно некое големо срање да имаш напраено, на пример да скршиш пет џама од школото, да му ја дупнеш гумата од точакот на директорот, континуирано да им ги дигаш сукњите на сите девојчиња од одделението.. таму, кој влегол, никад у живот не кажал шо ќутек има јадено. Али, една ствар е необјаснива – сите кои имаат влезено у таа „Соба за инквизиција”, ама баш сите, имаат завршено факултет, магистратура или докторат.
За сите деца што сакаа да спортуваат поручек, Ѓоко беше тука за секое од нив. Им ја откључуеше салата, ги подучуеше, произведуеше атлетичари, рукометари… Не му беше уопште тешко со секој откриен талент да работи посебно и да го усмеруе у спортот, а богами и у животот.
Ѓоко со слични методи, на падините на Шапка и Маврово, триесетина години ги произведуеше најбољите македонски скијачи, пошто никој немаше муда да му каже „Не можам” или „Ми студи”. И за неверуење е, али сите го ценат и поштуат доживотно.
Кај Ѓоко немаше ургенции, али неколку пути у кариерата на професор по физичко васпитање мораше и тоа да го напраи. На сите тие деца кои ги имаа сите петки, а само по физичко кец или двојка, им пушташе жив петел у сала да го бркаат, за да им ја попраи оценката.
Ѓоко беше ретко праведен чоек. И на работа, и у приватниот живот. Чоек со принципи и челична воља од секое дете да напраи чоек. Затоа вероватно прерасна у лик шо цело Скопје го поштуе до ден денес.
Двата сина на Ѓоко, Зоки и Вања, беа најнемирните деца од Рузвелтова до Влае. Миљони бељи, поплаки од комшии, од наставници, од родители на другарчиња… Е, со нив Ѓоко највише се намучи, али на крајот се знаеше кој е победникот – ни родените деца не можеа да искочат на крај со него. Гаеја чудна страхопочит кон таткото, али поверојатно беше поише страв него почит. Денес двајцата се успешни луѓе кои редовно се сеќаваат на бељите што ги правеле како и на казните што морале да „ги одлежат”.
Ѓоко денес ја живее девеесеттата година од својот живот. Духот му е ист, мозокот жилет.
Некња го среќаам на едно фамилијарно весеље, ме глеа од далеку, истиот е, зрачи, енергија која обара с ногу. Му приоѓам и му викам:
– Здраво чичко Ѓоко.
– Sоф, ај не се завитлаај – се смее.
– Знаеш ли, професоре, дека ја сум једино дете шо го познаам шо не јадело ќутек од тебе? – не му ја пуштам руката пошто сакам да ми пребаци дел од харизмата.
– Па не си, нормално, пошто од дома те васпитале. Сигурно со старовремските методи. Да си бил размазен и распрден сигурно денес ќе беше промашена особа – се насмеа и ме потапша по левото уво. – Такво беше времето, сине. Дете се васпитуеше ко куче, со новина по глаа, со клоци, корнење бакембарда, заушки, седење у ќуш, чврги, забрани, ластици, мацоли… јер така налага мајката природа. Си видел ли ти некад некое лавче да му се жали на лавот дека страда од анксиозност… или дека е неразбран од општеството, или дека рибата го остаила? Не. Така? Епа у тоа е решењето, само страв, ќутек и самосталност може да креираат нормален чоек. Све друго треба да се прати у резерват.
Се сложив со него стопроцентно, го гушнав, ми го снема осмехот, климнав со глаата неколку пути, го држев за рука уште дестина секунди, се оддалечив од мојот тотем и у себе дугачко го преџвакуев муабетот.
Си помислив – Тоа е тој последен скопски Мохиканец. Нека ми извинат Зеко, Пиже, Чешлар, Трпе и слични ликови, но за мене легенда е Ѓоко Контра.
Пишува на скопски : Зоран Спасов – Sоф