Круз Бекам реши да ја искористи медиумската прашина што се крена по семејниот скандал, а сега излегува неговиот најнов сингл, кој најмладиот син на Бекамови го објави на специфичен начин.
Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Круз, ја продолжува својата пејачка кариера откако минатата година ја објави својата прва песна. Токму кога страстите меѓу неговите родители и братот Бруклин малку се смирија, Круз ја искористи својата шанса.
Со оглед на тоа дека неговата најнова песна е готова и сега е објавена, Круз реши да ја објави на посебен начин, со објава од 18+.
Најмладиот син на Бекамови позираше целосно гол, додека ги покриваше интимните делови со постер со најава за песната, што го објасни во описот на објавата.
Круз Бекам е опишан од многумина како талентиран и фин човек, а по оваа фотографија неговата популарност сигурно се зголеми.
„Мислам дека би можел да биде ѕвезда, може да пее, да свири гитара и ништо кај него не ми е толку наметнато како остатокот од семејството Бекам“, напиша некој во коментар.







