Зошто јануари изгледа подолг од сите месеци и како да го преживееме

По празничната потрошувачка во декември, многумина влегуваат во јануари со чувство дека месецот е предолг, платата далеку, а сметките високи. За многу луѓе, јануари станува вистински тест за финансиска дисциплина, но според експертите, токму тој може да биде добра можност за нов почеток.

Финансискиот консултант Душан Узелац вели дека јануари е идеален момент за средување на личните финансии, доколку постои јасен план и дисциплина. Според него, главната причина за финансискиот притисок во јануари е неконтролираната празнична потрошувачка во декември, пренесува белгарска „Политика“.

Тој нагласува дека проблемот не е само во импулсивното купување, туку во недостигот од планирање и буџетирање. Ако однапред се одреди колку пари ќе се потрошат за празниците и тој план не се почитува, тоа е знак на финансиска недисциплина.

Узелац посочува дека постојат две групи луѓе – оние што трошат помалку отколку што заработуваат и оние што трошат сè што ќе добијат. Според него, луѓето кои постојано трошат помалку од приходите немаат проблеми со „тешкиот“ јануари.

Како решение, тој советува детално планирање на сите јануарски трошоци, за да нема непријатни изненадувања. А во шеговит тон додава и еден последен совет: „Спијте подолго – така ќе заштедите и на храна.“

Scroll to Top