Италијанка случајно фрлила добитно ливче од милион евра, комуналците го пронајдоа во камион за отпад

Добитно лото-ливче вредно еден милион евра беше пронајдено во Италија, откако неговата сопственичка побарала помош од комуналните служби, пренесува АФП.

Жената го проверила ливчето во локална продавница, каде што на апаратот се појавила порака дека добивката не може да биде исплатена на тоа продажно место. Погрешно помислила дека не добила ништо и го оставила ливчето, кое подоцна завршило во отпад.

Кога се вратила дома, член од семејството ѝ кажал дека извлечените броеви се совпаѓаат со оние што редовно ги игра. Таа веднаш се вратила во продавницата, но ливчето веќе било фрлено.

За среќа, комуналните служби успеале да го запрат камионот за отпад пред да стигне на депонија. Работниците со часови го пребарувале отпадот и на крајот го пронашле добитното ливче.

„Вистинско чудо е што останало неоштетено“, изјавил директорот на компанијата за управување со отпад. Кога ѝ ја соопштил веста на добитничката, таа се расплакала од среќа.

Scroll to Top