Колин Фирт повторно пронајде љубов, позираше со новата девојка на црвениот килим

Колин Фирт се појави на лондонската премиера на филмот „Disclosure Day“ во друштво на неговата нова партнерка Елеонора Пербони, италијанска новинарка и документаристка.

Познатиот актер, кој се разведе од Ливија Ѓуѓоли во 2019 година по 22 години брак, позираше насмеан на црвениот тепих во Лондон, додека неговата нова партнерка ретко се појавува во јавноста и го држи својот приватен живот подалеку од медиумите.

Според странските медиуми, тие се заедно околу две години и ова е само нивно второ заедничко појавување во јавност.

Фирт остана во добри односи со својата поранешна сопруга, со која има две деца, а семејството, како што наведуваат, сè уште функционира во пријателска и опуштена атмосфера.

 

фото/ЕПА

Scroll to Top