Крива Паланка осветлена со декорации: „Новогодишната бајка може да почне“

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека празничното украсување на градот е целосно завршено. Централните локации, плоштадот и главните улици се осветлени со светлосни инсталации и тематски новогодишни декорации.

Градоначалникот Сашко Митовски порача дека новогодишната бајка во Крива Паланка може да започне, посакувајќи празничното осветлување да донесе радост, мир и надеж за сите жители.

Тој истакна дека украсувањето е создадено со љубов и внимание за сите генерации и дека градот блеска како што заслужуваат неговите жители.

Scroll to Top