Лажната вест дека Џ. К. Роулинг боледува од рак предизвика бран омраза на мрежите

Интернетот беше преплавен со лажнат информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Веста започна со ироничен твит на платформата „Икс“ кој брзо стана вирален и предизвика коментари полни омраза и исмевање.

Портпаролот на Роулинг веднаш реагираше и за медиумите потврди дека станува збор за целосна измислица: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема рак.“

И покрај демантот, штетата веќе беше направена – социјалните мрежи беа преплавени со објави што наводно ја „славеа“ нејзината смрт. Нивото на омраза се поврзува со долгогодишните контроверзии околу нејзините ставови за трансродните лица, поради кои таа често е мета на жестоки критики.

Scroll to Top