Мали ритуали за многу пари во новата година

Први јануари се наближува, а многумина Новата година ја дочекуваат со желба за повеќе успех, стабилност и финансиска сигурност. Според народните верувања и симболични ритуали, новогодишната ноќ се смета за момент со силна енергија, кога намерите за иднината се „засадуваат“ за целата година.

Некои од најпознатите новогодишни ритуали за привлекување пари вклучуваат мали, симболични гестови. Се верува дека закачување мала жолта, црвена или златна ташничка со 12 парички на елката симболизира финансиска стабилност во следните 12 месеци. Друг обичај е пречекот на Новата година со нова комбинација облека, како знак за нов почеток и напредок.

Меѓу популарните верувања е и запишување на саканата сума пари на ѓонот од чевелот, како симбол дека парите „доаѓаат кон вас“, како и ставање парички во када за време на бањање, додека се замислува финансиски напредок.

Се практикува и пишување желба за пари на хартија и нејзино криење во украс на елката, како и поставување златен предмет под чаршафот на празничната маса, кој подоцна се носи како амајлија. Според фенг шуи, елката поставена на југоисточната страна од домот се поврзува со финансиски раст.

Како симбол на „магнет за пари“, некои ставаат магнет на или под елката, а други веруваат дека симболот на куче – како знак на верност и заштита – носи финансиска стабилност.

На крајот, едно од најчестите верувања е дека во првите денови од јануари треба да си подарите нешто убаво – мал луксуз или патување – како порака дека ја вреднувате сопствената благосостојба во годината што доаѓа.

Scroll to Top