Неговата желба конечно се оствари: Актерот го доби своето прво дете со својата партнерка 30 години помлада од него

Актерот Лук Вилсон стана татко за прв пат, објави списанието People.

Ѕвездата на серијата „Hawk“, Лук Вилсон (54) и неговата девојка Кендал Јејтс (24) го добија своето прво заедничко дете, ќерка, објави ексклузивно, списанието People.

Во вторник, 7 јули, двојката присуствуваше на прес-конференција за претстојната комедија на Вилсон на Нетфликс со нивната новородена ќерка.

Двојката пристигна пред публиката со бебето и предизвика големо возбудување.

Лук и Кендал се во врска неколку години, но најчесто го кријат приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Во април, тие беа фотографирани заедно за време на прошетка во Лос Анџелес.

Пред неколку години, Лук не ја криеше својата желба да има дете што е можно поскоро и призна во тоа време дека паничи додека се приближуваше неговиот 50-ти роденден.

„30-тите не ме загрижуваа, ниту 40-тите. Едноставно ги прегазив, но 50-тите… Не знам дали е затоа што сè ме боли кога ќе се разбудам среде ноќ или затоа што ги заборавам имињата на луѓето, но дефинитивно почнувам да чувствувам паника за некои работи“, рече тој тогаш во интервју за „People“.

Scroll to Top