Пејачката Рита Ора ги покажа своите затегнати стомачни мускули во сребрено бикини додека споделуваше прекрасни фотографии од одморот на Миконос на Инстаграм.
35-годишната пејачка позираше на луксузна јахта додека уживаше во друштво на пријателите. Покрај сребреното бикини, Рита носеше и зелена марама за да ја заштити косата и да ја одржи совршено стилизирана.
„Ми треба ресетирање на душата, сонце, бикини и музика“, напиша пејачката во описот на објавата.
Рита неодамна откри и како го подготвува своето тело за менопауза, откако ги замрзна јајце-клетките во дваесеттите години.
Пејачката објасни дека нејзините дваесетти години биле најдобриот период од нејзиниот живот, кога нејзината кариера тргнала подем и кога, како што вели, „уживала во секој момент“.
Сепак, кога наполнила 30 години пред пет години, забележала голема промена во тоа како се чувствувала физички, што ја навело целосно да го промени својот режим на вежбање и да усвои начин на размислување „да се однесува кон своето тело како кон професионален спортист“.
Во разговор за „Women’s Health UK“, таа рече: „Не сакам луѓето погрешно да го разберат моето здравствено патување и да мислат дека сум опседната со мојот физички изглед, бидејќи мислам дека границата помеѓу тие две работи е често многу нејасна. Сè се сведува на тоа како се чувствувам.“







