Џастин Теру и неговата сопруга Никол Брајдон Блум ја објавија среќната вест во саботата дека станале родители на машко бебе. Ѕвездата од серијата „The Leftovers“ (54) и актерката од серијата „The Gilded Age“ (32) се венчаа во тајност минатиот март на плажа во Тулум, а сега го добија своето прво дете.
Двојката ја сподели веста на Инстаграм споделувајќи црно-бела фотографија од новороденчето како спие на градите на Теру.
„Пристигна“, напиша Блум на фотографијата, додавајќи емотикон со гулаб и пораката: „Толку сме вљубени“.
Во коментарите, честитки стигнаа од голем број познати личности, вклучувајќи ја актерката Хана Ајнбиндер, ѕвездата на „Квир Ај“, Тан Франс и поранешната ѕвезда на „Дизни ченел“, Бренда Сонг.
Веста за бременоста првпат се појави во декември, откако Никол го покажа својот труднички стомак на премиерата на втората сезона од серијата „Фалоут“ на Теру.
Првпат двојката беше романтично поврзана во февруари 2023 година, а веќе во август следната година ги поттикнаа гласините за свршувачка. Никол потоа се појави на премиерата на неговиот филм „Бубимир“ со голем прстен на раката. Медиумите објавија дека станува збор за четирикаратен дијамантски прстен што Теру ѝ го подарил за време на Филмскиот фестивал во Венеција.







