Дали сте една од оние кои имаат плакар полн со облека, а сепак секое утро ја повторувате фразата – „Немам што да облечам“? Тогаш сте на вистинското место…
Секако, нема ништо лошо во повторувањето на еден комбинезон, но не е чудно ако од време на време ви здодеат вообичаените комбинации и сакате да внесете малку свежина во вашите секојдневни изданија. Купувањето неколку нови, трендовски парчиња е веројатно првата идеја што ви паѓа на ум во вакви случаи, но фактот е дека ова е навистина само краткорочно решение.
За да бидете задоволни со она што го носите секој ден, инвестирајте во основата на вашиот гардеробер и создадете свои сезонски „капсули“ од колекцијата.
За да го извлечете максимумот од вашите парчиња и да постигнете вашите облеки да се разликуваат од недела до недела, не е лоша идеја да се потпрете на таканаречениот метод 5-4-3-2-1.
Оваа теорија за средување на облеката ја создала тиктокерка која се претставува под корисничкото име @iloveyoumariemuch, а инспирацијата ја пронашла во многу сличен трик за пакување облека за неделни патувања. Таа советуваше на крајот од секоја недела да избирате парчиња од плакарот што ќе ги носите во следните пет работни дена. Ставете ги настрана, на закачалки за облека или во посебен дел од плакарот.
Тука влегуваат во игра броевите, 5-4-3-2-1. За зимската неделна гардероба, Мари предлага да изберете 5 маички, 4 долни парчиња (панталони или здолништа), 3 парчиња што можете да ги обложите во слоеви (јакни, кардигани), 2 горни парчиња (јакна или палто) и 1 пар чевли. Важно е парчињата естетски да се усогласуваат едни со други, а Мари додаде дека можете да додадете уште еден пар чевли ако сакате.
Како да креирате неделни капсулни гардероби користејќи го методот 5-4-3-2-1 🤍✨
Соберете пет функционални комбинации од избраните парчиња и секоја недела додавајте нови варијанти од вашиот плакар во ротацијата, фокусирајќи се на парчиња што би сакале да ги носите почесто, но честопати паѓаат во втор план.
На овој начин, ќе постигнете секоја недела да имате нови, свежи комбинации, а можете да си играте и со стилизирањето. Чанти, чорапи во боја и накит можат да го направат истиот стил да изгледа сосема поинаку секој пат. Исто така, со овој метод, лесно ќе откриете кои парчиња облека ви недостасуваат во вашиот плакар, а кои можеби ги имате премногу.
фото/депозитфотос







