Рафаел Надал објави ретка фотографија со децата и сопругата: Сите гледаат во фаталната Марија

Познат по тоа што ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста, Рафаел Надал изненади многумина со објава на социјалните мрежи. Имено, поранешниот тенисер објави фотографија со своите деца и сопругата на Инстаграм, што предизвика лавина од коментари.

Целото семејство отпатува на Бахамите и се чини дека уживаат во шармот на овој тропски регион, како и во заслужениот одмор. Рафаел гордо позираше со своите наследници, но и со неговата сакана Марија. Вниманието на јавноста го привлече токму неговата сопруга, која изгледа нереално во бикини.

Двојката е заедно речиси 20 години, а се венчаа во 2019 година, по 14 години врска. Денес имаат два сина кои ги одгледуваат подалеку од светот на познатите личности.

Scroll to Top