Ретроградниот Меркур во Рак носи емотивни предизвици за три знаци

Кон крајот на јуни започнува ретроградниот Меркур во Рак, а според астролозите овој период ќе биде особено емотивен и ќе поттикне преиспитување на личните чувства и животни одлуки.

Астрологот Рејчел Рут Тејт вели дека влијанието на ретроградниот Меркур ќе се почувствува уште пред неговото официјално започнување на 29 јуни. Таа смета дека овој период може да донесе важни лекции и можности за личен раст, но и зголемена чувствителност.

Најсилно влијание ќе почувствуваат Близнаците, Раковите и Девиците.

За Близнаците, ова е време за преиспитување на идентитетот, кариерата и личните цели. Астролозите советуваат да не носат големи одлуки додека трае ретроградниот период.

Раковите ќе бидат во центарот на најголемите промени ова лето. Според прогнозите, промените најпрво ќе започнат одвнатре, а потоа ќе се одразат и во нивниот надворешен живот.

За Девиците, кои најмногу сакаат стабилност и рутина, следува период на прилагодување. Иако промените можат да предизвикаат несигурност, астролозите сметаат дека на долг рок ќе им донесат позитивни резултати.

Според прогнозите, периодот на влијание на ретроградниот Меркур ќе трае до август, па летото би можело да биде поемотивно и потензично од вообичаено.

Scroll to Top