Една од најголемите светски музички ѕвезди на денешницата, Рита Ора, испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на спектаклот што на 1 август ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Нејзината видео порака предизвика огромно внимание кај фановите. Во неа, светската поп ѕвезда ги кани сите љубители на добрата музика да бидат дел од незаборавната вечер која на 1 август ќе го претвори Охрид во центар на музичките случувања на Балканот.
По настапите на најпрестижните светски сцени, милијардите стримови и соработките со најголемите имиња во музичката индустрија, Рита Ора ова лето доаѓа во Македонија, а овој настан веќе се наметнува како еден од најголемите во регионот.
Заедно со Рита Ора, на сцената ќе настапат и Сенида и 2Бона, носејќи вечер исполнета со хитови, спектакуларна продукција и незаборавна атмосфера.
Погледнете го видеото и дознајте што Рита Ора им порача на своите фанови пред да пристигне во Охрид.
Билетите за концертот се веќе во продажба преку www.kupikarta.com, како и на продажните места низ Македонија.







