Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато – во 90-тите години и двете биле во врска со актерот Тејт Донован (62).

Анистон неодамна се пошегува на оваа тема во интервју за списанието „Интервју“. „Делевме момче. Тоа ви покажува колку се сакаме“, рече таа.

Булок била во врска со Донован од 1990 до 1994 година, откако се запознале на снимањето на филмот „Лав Поушн Н.9“. Набргу по нивното раскинување, Донован започнал врска со Анистон, која траела од 1995 до 1998 година.

Додека бил во врска со Анистон, Донован се појавил и во четвртата сезона на серијата „Пријатели“, каде го глумел Џошуа, клиент на Рејчел Грин, ликот што го толкуваше Анистон.

Токму Донован бил заслужен и за првата средба на двете актерки. Тој ги запознал на забава по доделувањето на „Златните глобуси“. Сепак, нивното блиско пријателство почнало дури години подоцна, кога повторно се сретнале на свадба на заеднички пријател.

Нивното пријателство трае околу 15 години, а двете го опишуваат како речиси сестрински однос.

Булок неодамна откри и дека Анистон прави исклучително силни маргарити. „Не знам што точно прави, но не штеди на алкохолот“, се пошегува таа, додавајќи дека пијалакот е толку добар што може да ве „собори од нозе“.

Scroll to Top