Седум причини зошто лубеницата е здрава

Освен што е слатка и сочна, лубеницата има голем број здравствени придобивки. Ова се некои од нив:

Го штити срцето

Лубеницата е богат извор на хранливи материи кои го штитат срцето, како што се витамин Ц и каротеноидниот фитонутриент ликопен, кој ѝ ја дава карактеристичната црвеникаво-розова боја. Ликопенот, заедно со бета-каротенот и витаминот А, обезбедува силна антиоксидантна заштита од оштетување на клеточните структури предизвикани од слободните радикали.

Лубеницата е добар извор на магнезиум и калиум, минерали за кои е познато дека помагаат во одржувањето на нормален крвен притисок, како и многу добар извор на витамин Б6, кој придонесува за одржување на соодветно ниво на хомоцистеин во телото.

Може да помогне во спалната соба

Лубеницата може да биде сојузник за мажите бидејќи помага во одржувањето на ерекцијата. Богата е со природни состојки кои стимулираат здрави реакции во телото. Една од нив е цитрулинот, кој влијае на ослободувањето на азотен оксид во телото. Ова придонесува за опуштање на крвните садови, слично на ефектот на лековите за еректилна дисфункција.

Придонесува за губење на тежината

Се состои од дури 93 проценти вода, поради што е одлична храна за регулирање на телесната тежина. Постои и таканаречена диета со лубеница која трае од девет до 13 дена. Во текот на првата фаза, која трае три дена, се јаде само лубеница. Во втората фаза, постепено се воведуваат други намирници, додека лубеницата се користи како ужина.

Малку калории, но висок гликемиски индекс

Иако е богата со хранливи материи и со ниска калорична вредност, една чаша лубеница содржи само околу 49 калории. Сепак, има висок гликемиски индекс, па затоа луѓето чувствителни на ненадејни промени во нивото на шеќер во крвта треба да бидат внимателни и да ја комбинираат со храна со низок гликемиски индекс.

Моќен антиоксиданс

Лубеницата е богата со витамин Ц, помага во чистење на бубрезите и уринарниот систем и содржи дури 93 проценти вода. Токму затоа е одличен сојузник во детоксикацијата на телото и губењето на тежината.

Покрај тоа, содржи есенцијални омега-6 и омега-9 масни киселини, цинк и ликопен. Благодарение на ова, лубеницата може да придонесе за природна нега на кожата, бидејќи хидрира, тонира и помага во обновувањето на кожата, како и во ублажувањето на акните и изгорениците од сонце.

Го намалува ризикот од заболување на непцата

Пародонталната болест може да доведе до губење на забите, инфекции и е поврзана со други здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања.

Соодветната орална хигиена и редовните посети на стоматолог се најважни во спречувањето на заболувања на непцата, но доволниот внес на витамин Ц може да помогне во забавување на развојот и влошувањето на овие болести. Лубеницата е одличен извор на овој витамин.

Придонесува за здравјето на бубрезите

Секој ден сме изложени на разни токсини кои влегуваат во телото преку храна, пијалоци и воздух, а задачата на бубрезите е да ги елиминираат.

Калциумот и калиумот придонесуваат за елиминирање на токсините од телото, а лубеницата содржи значителни количини од нив. Исто така, високата содржина на вода може да помогне во намалувањето на ризикот од камења во бубрезите.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top