Иако интелигенцијата не може реално да се мери според хороскопот, астролозите тврдат дека четири знаци од Зодијакот се издвојуваат по својата ментална сила, начин на размислување и интелектуален потенцијал.
На врвот на листата е Водолија, која се смета за визионерски и иновативен знак, познат по размислување „надвор од рамките“ и способност да препознае трендови пред другите.
Следува Девица, чија најголема сила е аналитичкиот ум, вниманието кон детали и прецизноста.
Меѓу најинтелигентните е и Близнаци, знак препознатлив по брзината на мислите, комуникациските вештини и способноста брзо да обработува информации.
На листата се наоѓа и Шкорпија, која според астролозите се издвојува со стратешки ум, силна интуиција и способност да „чита меѓу редови“.
Астролозите нагласуваат дека интелигенцијата денес не се мери само со логика и математика, туку и со емоционална длабочина, адаптибилност и визионерско размислување.







