Постојат места во домот што редовно ги чистиме, а сепак лесно ги забораваме. Едно од нив се жлебовите на прозорците, каде со текот на времето се собираат прашина, песок, влакна и друга нечистотија. Во комбинација со влагата, може да се создадат тврдокорни темни наслаги кои тешко се отстрануваат со обична крпа.
На интернет се прошири едноставен трик за нивно чистење за кој ви се потребни сода бикарбона и пластична фолија.
Најпрво отстранете ја сувата нечистотија со правосмукалка, мала четка или стара четка за заби. Посебно исчистете ги аглите и тесните делови каде што најмногу се натрупува прашина.
Потоа посипете мала количина сода бикарбона врз жлебовите, особено на местата со тврдокорни наслаги. Лесно испрскајте со вода, колку да се создаде густа и влажна паста.
Преку смесата ставете пластична фолија и оставете ја да делува од 30 минути до два часа. Фолијата ја задржува влагата и спречува пастата брзо да се исуши, па нечистотијата полесно омекнува.
Потоа отстранете ја фолијата и истријте ги жлебовите со стара четка за заби. На крај пребришете со мека, влажна крпа, а потоа добро исушете со хартиена или сува крпа.
Ако жлебовите се само малку прашливи, доволни се правосмукалка и влажна крпа. Овој трик може да го зачувате за потврдокорните наслаги.
Пред да употребите сода бикарбона на целата површина, добро е прво да ја испробате на мал, помалку видлив дел за да проверите дали влијае врз бојата или завршната обработка на прозорецот.







