Водителката Аманда Холден неодамна го прослави својот 55-ти роденден и никој не може да поверува дека изгледа толку совршено во средината на педесеттите години… Сепак, Аманда уште еднаш покажа дека во нејзиниот случај сè е можно.
Кога времето е убаво, убавата водителка обожава да позира во бикини и да го покажува своето тело, па ги искористи првите сончеви зраци за да се соблече во бикини.
За еден вид отворање на фотосезоната со бикини, Аманда избра едноставно портокалово кое совршено ги истакнуваше нејзините облини, а само неколку дена претходно позираше и во бело бикини, па собра многу позитивни реакции за двете фотографии.
Таа веќе неколку пати ја откри тајната на својот изглед и, како што вели, суштината лежи во она што го правела пред 30 години, а тоа е гимнастиката.
„Божествена жена“, „Невозможно е да имаш 55 години“, „Ти си најжешката водителка“, „Гориш“, „Каква убавина“, беа само дел од коментарите.







