Белорускиот претседател Александар Лукашенко (71) наводно е во врска со 22-годишната манекенка Алија Короткаја, а веста ја објави таблоидот „The Sun“.
Според гореспоменатиот медиум, белорускиот претседател Александар Лукашенко и Алија се во емотивна врска веќе некое време, но гласините за нивната врска дополнително го разбрануваа светот по нивните заеднички јавни настапи.

„Како и обично, таа го привлече вниманието на белорускиот лидер на натпреварите за убавина“, објави порталот Буро. „Таа се почесто се појавува со претседателот на Белорусија“, додадоа тие.
Дури и руските медиуми отворено пишуваа за новата љубовна врска на Лукашенко, а Алија е веќе позната како „младата љубовница на Александар Лукашенко“.
„На почетокот на април, тие беа видени заедно на хокеарски натпревар, каде што Александар ѝ подари плишани играчки“, објави БЛОКНОТ Русија.

„Тој сè уште е силен! Лукашенко си најде млада љубовница – позната манекенка, учесничка на изборите за Мис БРИКС и Мис Белорусија, Алија Короткаја. Фаворитката на претседателот е 50 години помлада од него“, објави друг руски канал.
Патем, Александар Лукашенко и Галина Лукашенко се сè уште официјално во брак. Двојката има два сина – Виктор и Дмитриј.







