(Фото) Бруклин Бекам и неговата сопруга во јавност за прв пат по скандалот

Бруклин Бекам и Никола Пелц Бекам беа фотографирани на романтична прошетка на плажа само неколку дена по скандалот што го потресе семејството Бекам, а и светот.

На фотографиите што беа ексклузивно објавени од „Page Six“, ги гледаме вљубените како шетаат на плажата во Малибу, Калифорнија, а нивното крзнено милениче им правеше друштво.

Двојката цело време се држеше за раце и не ја криеше својата нежност, а судејќи според фотографиите, на Бруклин не му е баш лесно поради моменталната ситуација. Имено, најстариот син на семејството Бекам изгледа доста „запоставено“, односно му пораснала брадата, а тоа не е изгледот што досега го покажуваше јавно.

Како и да е, Бруклин ја прегрна сопругата во еден момент за време на прошетката, а подоцна застана да ја фотографира додека позира со нивното куче.

Нивното заедничко појавување во јавноста доаѓа само неколку дена откако Бруклин објави бројни критики кон целото семејство Бекам.

Тој изјави дека неговиот живот досега бил контролиран од неговите родители, и дека сега, конечно, е ослободен од тие ограничувања.

Scroll to Top